Силен земјотрес во јужно-американската држава Еквадор

Според првичните претпоставки во земјотресот во северозападните делови на земјата животот го загубиле најмалку 77 лица, повеќе од 500 лица биле повредени и била прогласена тревога за опасност од цунами

472414
Силен земјотрес во јужно-американската држава Еквадор

Јужно-американската држава Еквадор погодена од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Според првичните претпоставки во земјотресот во северозападните делови на земјата животот го загубиле најмалку 77 лице, повеќе од 500 лица биле повредени и била прогласена тревога за опасност од џуновски бранови цунами.

Во објавеното соопштени од американскиот Центар за геолошки истражувања земјотресот траел приближно 4о секунди, се случил на длабочина од 19 километри и епицентарот на потресот се наоѓал во океанот на 27 километри од ретко населениот крајбрежен град Муисине каде што се наоѓаат пристаништа.

Поради безбедносни причини беше прекинато производството во една голема рафинерија за нафта во близина на епицентарот на земјотрес.

Во шест провинции е прогласена вонредна состојба, а исто така е прогласена и тревога за опасност од цунами.

Поради тоа што земјотресот предизвикал штета во посматрачката кула во крајбрежниот град Манта е донесена одлука за затворање на аеродромот во овој град.

Потресот бил почувствуван и во главниот град на Еквадор Кито на оддалеченост од приближно 170 километри од епицентарот.

Поради силниот потрес народот излегол на улиците, а по земјотресот за кусо време дошло и до прекин на електричната струја.

Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа ја прекина посетата на Италија и донесе одлука да се врати во земјата.

Земјотресот освен во Еквадор бил почувствуван и во соседните земји Перу и Колумбија, а исто така била прогласена тревога за опасност од цунами и во Перу.



Слични вести