Руски џет провоцирал американски воен авион над Балтичкото Море

Еден американски воен авион од типот RC 135 кој летал над Балтичкото Море бил провоциран од страна на еден руски воен авион

472383
Руски џет провоцирал американски воен авион над Балтичкото Море

Руски џет провоцирал воен авион во сопственост на САД.

Инцидентот доведе до затегтнатост помеѓу двете земји.

Еден американски воен авион од типот RC 135 кој летал над Балтичкото Море бил провоциран од страна на еден руски воен авион.

Портпаролот на Пентагон истакна дека во моментот на инцидентот американскиот воен авион не го нарушил рускиот воздушен простор туку летал во меѓународниот воздушен простор.

Русија пак ги отфрли обвинувањата на американската страна за провокација.

Еден руски воен авион и минатата недела леташе на само 9 метри над еден американски воен брод во Балтичкото Море при што и овој случај стана причина за зголемување на затегнатоста помеѓу Русија и САД.



Слични вести