Нетанјаху: Голанските висорамнини засекогаш ќе останат во рацете на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во говорот што го одржа на владината седница истакна дека Голанските висорамнини засекогаш ќе останат во рацете на Израел

472711
Нетанјаху: Голанските висорамнини засекогаш ќе останат во рацете на Израел

Израелската Влада својата неделна седница за прв пат ја одржа на Голанските висорамнини.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во говорот што го одржа на владината седница истакна дека Голанските висорамнини засекогаш ќе останат во рацете на Израел.

Нагласувајќи дека Израел ќе ја задржи окупацијата на Голанските висорамнини, Нетанјаху рече: „Независно од тоа што и да се случува преку границата состојбата на Голанските висорамнини нема да се промени.“

Израел ги окупира Голанските висорамнини од Сирија за време на арапско-израелската војна во 1967 година, која инаку е позната и како шестдневна војна.

Израел во 1981 година и покрај низа меѓународни резолуции ги анектира деловите од Голанските висорамнини кои ги зазеде.



Слични вести