Јан Бомерман зел „кратка пауза“ за своето Шоу на ЗДФ

Германскиот комичар кој рецитираше навредлива песна против претседателот Ердоган Јан Бомерман во својата порака преку Твитер истакна дека „кратката пауза“ за прекинување со емитување на своето Шоу ја донел за да се одмори извесно време

472613
Јан Бомерман зел „кратка пауза“ за своето Шоу на ЗДФ

Германскиот комичар Јан Бомерман по навредливата песна против претседателот Ердоган што ја рецитираше во своето „Шоу“ на германската телевизија ЗДФ соопшти дека зел „кратка пауза“ до 12 мај за прекин со емитување на оваа своја програма.

Бомерман во пораката што ја соопшти преку социјалната мрежа Твитер истакна дека „кратката пауза“ за прекинување со емитување на своето „Шоу“ кое 3 години како го емитува ја донел за да се одмори извесно време.

Во објавената порака од страна на телевизијата ЗДФ преку социјалната мрежа Твитер пак се вели дека се почитува одлуката на Јан Бомерман и продукциската фирма.

Инаку германскта Влада одобри да биде започнат судски процес против Јан Бомерман кој во своето „Шоу“ на телевизијата ЗДФ рецитираше навредлива песна против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести