Нова жртва на Панамските документи шпанскиот министер за индустрија

Објавените Панамски документи доведоа до оставка и на шпанскиот министер за индустрија Хосе Мануел Сориа

471861
Нова жртва на Панамските документи шпанскиот министер за индустрија

Шпанскиот министер за индустрија Хосе Мануел Сориа чие име се споменува во Панамските документи кои го потресоа светот поднесе оставка.

Сориа во врска со кого се појавија вести за поврзаност со фирми во даночниот рај Панама истакна дека својата оставка му ја доставил на премиерот Мариано Рахој со електронска пошта.

Сориа ги отфрли тврдењата и истакна дека одлуката за оставка ја донел за да не и се наштети на Владата.

Во врска со шпанскиот министер за индустрија Сориа беше започнато испитување поради неговите врски со оф-шор фирмата по име U.K. Lines инаку формирана од панамската правна фирма Мосак Фонсека.

По објавување на панамските документи и во врска со премиерот на Исланд Сигмундур Давид Гунлаугсон кој исто така беше соочен со обвинување за инвестирани милиони долари во една оф-шот фирма дојде до бирни реакции во јавноста по што исландскиот премиер поднесе оставка.



Слични вести