Ќе биде покрената судска постапка против германскиот комичар Јан Бомерман

Германскиот комичар Јан Бомерман ќе биде изнесен пред суд поради рецитирање навредлива песна за претседателот Ердоган на програмата на телевизискиот канал ЗДФ

471738
Ќе биде покрената судска постапка против германскиот комичар Јан Бомерман

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека ќе биде покренета судска постапка против германскиот комичар Јан Бомерман кој рецитираше песна со навреда за претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Бомерман ќе биде сослушан во врска со случајот.

Претседателот Ердоган лично поднесе кривична пријава против германскиот комичар Јан Бомерман кој на програмата на телевизискиот канал ЗДФ рецитираше навредлива песна за него.

Турското министерство за надворешни работи исто така му врачи усмена нота на германското министерство за надворешни работи за изнесување на суд на Бомерман.

Јавното обвинителство на градот Мајнц каде се наоѓа седиштето на телевизискиот канал ЗДФ претходно соопшти дека поради рецитираната песна од страна на Бомерман со навреда за претседателот Ердоган биле доставени 20 кривични пријави.

Потоа јавното обвинителство во врска со германскиот комичар Јан Бомерман покрена истрага согласно членот 103 од Германскиот кривичен закон со кој се регулира кривичното дело „навреда на странски државници“.

Телевизискиот канал ЗДФ пак наведе дека кривичното дело за рецитирање на песна е во склопот на амнестија.

Од друга страна беше соопштено дека германската канцеларка Ангела Меркел заедно и со претставници на ЕУ на 23 апарил ќе допатува во посета на Газиантеп.

Според изјавата на портпаролот на германската Влада Штефан Сеиберт за време на оваа посета канцеларката Меркел ќе биде придружувана и од претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс.



Слични вести