Втор ден од протестите во САД под насловот „Демократска пролет“

Денеска е втор ден од протестите против влијанието на парите во политиката кои се одржуваат пред зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон

470342
Втор ден од протестите во САД под насловот „Демократска пролет“

Во САД се одржуваат протести организирани од повеќе групи под наслов „Демократска пролет“.

Денеска е втор ден од протестите кои се одржуваат пред зградата на американскиот Конгрес.

Демонстрантите кои се собраа во главниот град на САД Вашингтон протестираа против влијанието на парите во политиката.

Притоа голем број демонстранти кои ја критикуваа поврзаноста на политиката со парите и групите на интерес во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше „Парите да излезат од политиката“ и „Секој има право на еден глас“.

Демонстрантите исто така ја критикуваа и изјавата на големите компании дека на кандидатите кои ги поддржуваат на претседателските избори во ноември ќе им достават донации од стотици илјади долари.

Приближно 100 лица пак кои протестираа седејќи пред степениците на Конгресот беа привредени од страна на американската полиција.



Слични вести