Италија за два дена од Средоземното Море спасила приближно 4 илјади илегални мигранти

Функционери на италијансската крајбрежна стража соопштија дека во теснецот покрај Сицилија во вторник биле спасени 2.154, а во понеделникот 1.850 илегални мигранти

470368
Италија за два дена од Средоземното Море спасила приближно 4 илјади илегални мигранти

Италија истакна дека за два дена од водите на Средоземното Море биле спасени приближно 4 илјади илегални мигранти.

По постигнатиот договор за илегалните мигранти меѓу Турција и ЕУ минатиот месец, почна да се забележува пораст во бројот на мигрантите кои преку Средоземното Море се обидуваат да пристигнат во Италија.

Голем број мигранти кои ја користат оваа опасна рута се обидуваат од Либија да пристигнат во Италија.

Така функционери на италијансската крајбрежна стража соопштија дека во теснецот покрај Сицилија во вторник биле спасени 2.154, а во понеделникот 1.850 илегални мигранти.

Италијански функционери истакнуваат дека во активностите за спасување учествува и единицата за погранична безбедност на ЕУ ФРОНТЕКС.

Од друга страна мерките кои што ги презема Австрија мигрантите кои доаѓаат во оваа земја да преминат преку Бренеро ја привлече реакцијата на Италија која пак по Грција е втора земја во ЕУ во која пристигнуваат најголем број мигранти.

Италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Центилони и министерот за внатрешни работи Ангелино Алфано напишаа писмо до еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос во кое побараа да се донесе појаснување по прашањето на пограничните мерки кои што ги презема Австрија во однос на мигрантите во градчето Бренеро кое се наоѓа на границата со оваа земја.

Во писмото се бара итно да се испита дали овие мерки се во согласност со Шенгенските правила и општите принципи.

Во меѓувреме претставникот за Италија на Организацијата Лекари без граници Лорис Филипо кој вчера говореше на еден состанок во Рим предупреди дека доколку Австрија го затвори градчето Бренеро Италија заедно и со Грција ќе станат затвор под отворено небо.

Од друга страна Брисел остро ја критикуваше Шпанија поради тоа што досега прими само 18 мигранти.

Имено и покрај постигнатиот договор во септември со ЕУ Шпанија досега прими само 18 мигранти.

Шпанската Влада на одржаните разговори во март вети дека ќе ги засили своите активности по ова прашање и дека истиот месец ќе прими 467 мигранти.

Но и покрај тоа што оттогаш поминаа две недели Шпанија не прими ниту еден од овие 467 мигранти.

Освен ЕУ примедби кон шпанските власти упатуваат и Високиот комесаријат на ОН за бегалци и други европски организации и институции, а поради како што велат „недостаток од волја“ кај оваа земја по прашањето на мигрантите.



Слични вести