Митинзи против тероризмот и за поддршка на Турција во европските земји

Турците кои живеат во европските земји одржаа митинзи против тероризмот и за поддршка на Турција во голем број градови

468362
Митинзи против тероризмот и за поддршка на Турција во европските земји

Турците кои живеат во европските земји во знак на споделување на болката на својата татковина Турција и за давање порака за братство и единство одржаа митинзи во голем број европски градови.

Турците кои живеат во Белгија одржаа митинг во градот Гент под слоганот „Тероризмот нема своја религија и нација!“.

Голем број Турци се собраа во турското маало во Гент и со турски знамиња и и транспаренти во своите раце маршираа кон центарот на градот.

За време на митингот беа преземени строги безбедносни мерки.

Митинзи под слоганот „Единство против тероризмот“ беа одржани и во 7 градови во Германија.

По иницијативата за провокација на приврзаниците на терористичката организација ПКК кои се собраа во друг дел од градот Ќелн германската полиција не дозволи двете групи да се доближат една до друга.

Притоа беа притворени некои демонстранти и провокатори.

Откако беше прочитано соопштението за печатот полицијата ги повика демонстрантите да се разотидат.

Меѓутоа приврзаниците на терористичката органзиација посакаа да го спречат влезот на учесниците на митингот во железничката станица по што следеше интервенцијата на германската полиција.

Кусо време дојде до затегнатост, а потоа приврзаниците на терористичката органзиација се разотидоа.

Митинзи против тероризмот освен во Ќелн беа одржани и во други германски градови како Штутгарт, Хамбург, Нурнберг, Минхен, Франкфурт и Хановер.

Митинг под слоганот „Не за тероризмот“ одржаа и Турците во францускиот град Монпелије.

На митингот учествуваа стотици Турци кои дојдоа и од другите околни градови.



Слични вести