Саудискиот крал Селман рече дека ќе се изгради мост преку Црвеното море

Изградбата на мостот се претпоставува дека ќе чини околу 3 до 4 милијарди долари

467733
Саудискиот крал Селман рече дека ќе се изгради мост преку Црвеното море

Саудискиот крал Селман, кој престојува во официјална посета на Египет рече дека ќе се изгради мост преку Црвеното море кој ќе ја поврзи Саудиска Арабија со Египет.

Кралот Селман додаде дека мостот ќе одигра значајна улога во развојот на трговијата меѓу двете сојузнички земји.

Предлог идејата за изградба на мостот преку Црвеното море постоеше и порано, но поради безбедносни причини, остварувањето на истата беше одложена.

Изградбата на мостот се претпоставува дека ќе чини околу 3 до 4 милијарди долари.



Слични вести