Опозиционите сили го исчистија подрачјето Чобанбеј кај Алепо од ДАЕШ

Во судирите беа убиен над 100 приврзаници на ДАЕШ

467595
Опозиционите сили го исчистија подрачјето Чобанбеј кај Алепо од ДАЕШ

Опозиционите сили кои го исчистија подрачјето Чобанбеј кај Алепо на северот на Сирија и границата со Турција, истовремено постигнаа успех за формирање безбедносна зона.

Силите на опозицијата кои ја презедоа контролата над Чобанбеј влегоа со 1200 борци од сите четири страни.

Во судирите беа убиени над 100 приврзаници на ДАЕШ. Голем број приврзаници на ДАЕШ побегнаа во Баб и Мумбич.

Предлогот на Турција за формирање безбедни зони во суштина подразбира место за засолнување на цивилите кои бегаат од судирите во Сирија.

Линијата која се протега од Џераблус кај Алепо кое се наоѓа наспроти Каркамиш кај Газиантеп до Азез наспроти Килис, се простира на површина од 98 км. За полесно снабдување на потребите на луѓето, се планира да се формира површина во длабочината на сириските територии во должина од 45 км.

Турција планира подрачјето да го претвори во простор на кој ќе можат да се собираат новите бегалци од судирите и граѓанската војна во Сирија или пак сите оние Сиријци кои што преминале во Турција и сакаат да се вратат во Сирија.



Слични вести