Сеуште нема информации од 300 работници кои беа киднапирани од страна на ДЕАШ

Сирија ја потврди веста за киднапирањето на 300 работници и раководители од фабриката за цимент во Бедије

467355
Сеуште нема информации од 300 работници кои беа киднапирани од страна на ДЕАШ

Сеуште нема информации од 300 работници кои беа киднапирани од страна на терористичката организација ДЕАШ во подрачјето Думејир северно од Дамаск.

Сирија ја потврди веста за киднапирањето на 300 работници и раководители од фабриката за цимент во Бедије во Дамаск од страна на терористичката организација ДЕАШ.

Случајот на киднапирање се случи на почетокот на неделата, додека Групата за следење на човековите права во Сирија соопшти дека десетици вработени во фабриката од страна на терористите на ДЕАШ беа однесени во непознат правец.

Нападите кои ги започна ДЕАШ во истиот период против силите на режимот во Дамаск и околината, ги интензивира во електричната централа во Тишрин и воениот аеродром Думејр.

Во писменото соопштение објавено од страна на раководството на Сирија, беше истакнато дека сите припадници на ДЕАш кои беа вмешани во нападите беа убиени.

Организацијата ги интензивира акциите по повторното преземање на контролата над античкиот град Палмира од страна на сириската армија и сојузничките сили.



Слични вести