Шамијата предмет за дискусија пред изборите во Австрија
Ноберт Хофер кандидат на австриската десница за претседател на државата изјави дека доколку победи на претседателските избори нема да именува жени со шамии за министерки или судијки.

Ноберт Хофер кандидат на австриската десница за претседател на државата изјави дека доколку победи на претседателските избори на 24 април нема да именува жени со шамии за министерки или судијки. Хофер во интервју за државниот телевизиски канал ОРФ рече дека шамијата или бурката ги смета за средство за притисок врз жената.
Активистот за човекови права во Австрија Дуду Ќучукѓол изјавата на Хофнер ја оцени како многу евтина полемика.Тој рече: Навистина е цинично да се изјави дека жените со шамија нема да се постават на министерски функции во услови кога истите тие жени секојдневно стануваат предмет на потсмев или вербален напад по улиците.“
Експертот по уставно право Бернд Кристијан Функ пак смета дека не именувањето на именува жени со шамии за министерки или судијки е противуставно. Доколку дојде до реализација на тоа уставниот суд секако дека ќе ја поништи таа практика.
Инаку претседателските избори во Австрија ќе се одржат на 24 април. За претседател на државата ќе се натпреваруваат 9 кандидати. Анкетите покажуваат дека ниту еден од кандидатите нема да освои 50 насто од гласовите.
Ниту една австриска партија не кандидира жени покриени со шамија или бурка.
Во досегашната политичка историја на Австрија немало пратеничка покриена со шамија.