Пожар во зграда со мигранти во Бинген Германија

Не се исклучува можноста во инцидентот да се вмешани ултрадесните средини во Германија

467033
Пожар во зграда со мигранти во Бинген Германија

6 Лица меѓу кои двајца пожарникари биле префрлени во болница од пожарот кој што избил во една зграда во која живеле мигранти во Бинген Германија.

Полицијата соопшти дека на ѕидовите на зградата во која биле сместени 31 имигрант биле испишани нацистички пораки и нацртани кукасти крстови.

Полицијата формирала посебна група за истражување и обелоденување на инцидентот.

Не се исклучува можноста во инцидентот да се вмешани ултрадесните средини во Германија, вели полицијата на Бинген.

Мигрантите кои биле спасени од пожарот биле сместени под шатори и во една сала .



Слични вести