Не треба да се дозволи судирите во Нагорно Карабах да достигнат жешка фаза

Русија е доверлив сојузник и пријател на Ерменија

467226
Не треба да се дозволи судирите во Нагорно Карабах да достигнат жешка фаза

Рускиот премиер Дмитриј Медведев потенцираше дека не треба да се дозволи судирите во Нагорно Карабах да достигнат жешка фаза.

Во рамкит е на посетата на Ерменија, рускиот премиер Дмитриј Медведев во Ереван се состана со ерменскиот колега Ховик Абрахамјан.

Медведев на средбата рече дека Русија е доверлив сојузник и пријател на Ерменија и ќе продолжи да биде и во иднина.

Во врска со последните судири на азербејџанско-ерменската линија на фронтот, Медведев рече дека конфликтот меѓу двете земји околу Нагорно Карабах треба да се реши по мировни патишта.

Тензиите во регионот првпат се зголемија на толку високо ниво од 1994 годна наваму. Се соочуваме со едно многу тешко прашање. Моментално најзначајно во целиот овој процес е заштитата на мирот и комуникацијата.

Дмитриј Медведев ја изрази спремноста на Русија за преземање посредничка улога во изнаоѓањето мировно решение на Нагорно Карабах.

Групата Минск при Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) е единствениот валиден механизам за изнаоѓање решение. Патот за решавање на конфликтот треба да го бараат дипломатите, а не војниците, рече рускиот премиер Медведев и подвлече дека не треба да се дозволи судирите во нагорно Карабах да достигнат жешка фаза.



Слични вести