Чекор на надежта од Мемедјаров и Налбандја

Мигот на ракување на двајцата министри ја зголеми надежта за постигнување мир во Нагорно Карабах

467392
Чекор на надежта од Мемедјаров и Налбандја

Чекор на надежта од министерот за надворешни работи на Азербејџан Елмар Мемедјаров и ерменскиот колега Едвард Налбандјан.

Во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на Заедницата на независни држави во Москва, двајцата министри се состанаа и се ракуваа.

Мигот на ракување на двајцата министри ја зголеми надежта за постигнување мир во Нагорно Карабах каде што една недела владеат жестоки судири меѓу силите на Азербејџан и Ерменија.

Со посредство на Русија, во вторник Азербејџан и Ерменија постигнаа примирје.

Наспроти прекршувањето на примирјето од страна на ерменските сили, Азербејџан возврати со иста мера на нападите на спротивната страна.

Според писменото соопштение објавено од страна на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, досега во судирите загинале 31 азербејџански војник, а 240 ерменски војници биле убиени.

Од друга страна пак, страните постигнаа согласност околу размената на безживотните тела на војниците кои загинаа на местото на судирите.

Според писменото соопштение објавено од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан, страните постигнале согласност за повторно воспоставување на примирјето кое ќе започне во 15.00 часот според локално време.

Во соопштението беше истакнато дека со посредство на Канцеларијата на ОБСЕ во Баку и Меѓународната хуманитарна организација Црвен крст, во периодот од 15.00 до 20.00 часот , двете страни ќе можат да ги подигнат безживотните тела од местото на судирите.

Во меѓувреме, армијата на Азербејџан, на највисокиот рид во околината на селото Талиш, по период од 24 години повторно го постави знамето на Азербејџан.

Во рамките на операциите од 2 до 5 април во Агдере, Тертер, Агдам, Хоџавенд и Фузули на линијата на фронтот со Ерменија, азербејџанските војници повторно повратија некои стратешки ридови и населен места.



Слични вести