Во Германија покрената судска постапка против Јан Бохмерман

Во случај да се утврди дека навредата е извршена смислено односно намерно тогаш казната затвор може да се зголеми до пет години

466587
Во Германија покрената судска постапка против Јан Бохмерман

Во Германија покрената судска постапка против новинарот Јан Бохмерман кој во една под наводници песна во програмата за ТВ-канал ЗДФ изнесе грди обвинувања против претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Јавното обвинителство на Мајнц, по 20-те кривични пријави кои беа поднесени, покрена истрага против Бохмерман поради „навреда на државник“.

Според 103-от член на Германскиот кривичен закон, за кривично дело „навреда на странски државник“ може да се поднесе кривична пријава со барање казна затвор до три години. Во случај да се утврди дека навредата е извршена смислено односно намерно тогаш казната затвор може да се зголеми до пет години.

Германската канцеларка Ангела Меркел на телефонскиот разговор со премиерот Ахмет Давутоглу состојбата ја оцени за смислена навреда

Германскиот комичар и водител Јан Брохмерман во програмата „Neo Magazin Royale“ проита една песна под наслов „Schmähkritik“ (Омаловажувачка критика).




Слични вести