Сергеј Лавров во Баку примен од страна на претседателот Илхам Алијев

Азербејџан е единствената земја која граничи со Русија и Иран

466365
Сергеј Лавров во Баку примен од страна на претседателот Илхам Алијев

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој што по повод учество на трилатералниот министерски состанок со иранскиот и азербејџанскиот колега престојува во посета на Азербејџан, беше примен од страна на претседателот Илхам Алијев.

Претседателот Алијев во говорот што го одржа на приемот изрази задоволство по повод одржувањето на првиот трилатерален министерски состанок во Баку и потенцираше дека започна сериозен процес на регионална соработка меѓу трите земји.

Азербејџан е единствената земја која граничи со Русија и Иран, рече Алијев и посочи на потребата и значењето за продлабочување на соработката меѓу трите земји.

Во освртот на судирите на ерменско-азербејџанската линија на фронтот и примирјето кое беше постигнато потоа, претседателот Алијев рече:

Страните се придржуваа кон примирјето, но за жал вечерва Ерменија го прекрши примирјето. Ние се фокусиравме на пролонгирање на преговарачкиот процес. Азербејџан е лојална кон преговарачкиот процес, рече претседателот Алијев.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека трите земји имаат заеднички интереси како што се транспортните коридори, унапредување и развој на економските односи, заедничките геостратегиски и геополитички интереси од аспект во енергетскиот сектор, поради што денес заедно со иранскиот и азербејџанскиот колега ќе ја формираат основата на политичката рамка за остварување на транспортните и енергетски проекти.

Во врска со затегнатоста на ерменско-азербејџанската линија на фронтот, министерот Лавров рече дека истата треба да се намали и изрази надеж дека последните случувања ќе не насочат на поактивна соработка за изнаоѓање политичко решение. Ние имаме конкретни предлози. Русија целосно ги поддржува иницијативите на копретседателите на Групата Минск при Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ). Не само ОБСЕ, туку заедно и со помошта на Меѓународната организација Црвен крст во најскоро време треба да се оформи поволна средина за повторно започнување на политичкиот процес.



Слични вести