Европската комисија започна иницијатива за укинување на Даблинскиот договор

Бегалците азиланти во земјите членки на ЕУ ќе бидат распоредени согласно бројот на населението, стапката на невработеност и нивото на приходите

466462
Европската комисија започна иницијатива за укинување на Даблинскиот договор

Европската комисија (ЕК) започна иницијатива за укинување на Даблинскиот договор според кој се предвидува бегалците азиланти да аплицираат во првата земја во која влегле.

Во врска со прашањето од страна на комисијата беа изготвени два нови предлози.

Во првиот предлог на комисијата се предвидува целосно укинување на Даблинскиот договор.

Според тоа, бегалците азиланти во земјите членки на ЕУ ќе бидат распоредени согласно бројот на населението, стапката на невработеност и нивото на приходите.

На овој предлог на комисијата особено се очекуваат реакциите и спротивставувањата на источните европски земји.

Според другиот предлог пак, договорот ќе остане на сила но земјите во кои бегалците азиланти првпат влегле, истите ќе имаат право да ги распоредат во други земји на одредено време.

Грција и Италија, земјите во кои беше забележан влез на поголем број бегалци азиланти, бараат да се формираат трајни механизми за распоредување на бегалците, а не привремени.

Промените во Даблинскиот договор на дневниот ред се појавија по апликациите на голем број бегалци азиланти кои наместо во првите земји во кои влегле, Италија и Грција, аплицирале во Германија и Шведска.

Дозволата за премин во соседните земји на бегалците азиланти кои не ги регистрираа, кај некои земји членки на ЕУ предизвика привремено укинување на Шенгенскиот договор со кој се предвидува слободно движење.



Слични вести