„Убиени се приближно 70 ерменски војници и уништени 5 ерменски тенка“

Во последните вооружени судири на азербејџанско-ерменската фронтова линија беа убиени приближно 70 ерменски војници и беа уништени 5 ерменски тенка.

464932
„Убиени се приближно 70 ерменски војници и уништени 5 ерменски тенка“

Ерменската армија која претрпува загуби на фронтовата линија продолжува да ги гранатира цивилните населени места кај Хоџавенд-Фузули и Агдере-Тертер.

Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека во противоперацијата и противогнот во наведените области беше уништен значајниот еременски воено команден и контролен центар и била воспотавена контролата во ова подрачје.

Во објавеното соопштение од министерството се истакнува дека во последните вооружени судири на азербејџанско-ерменската фронтова линија беа убиени приближно 70 ерменски војници и беа уништени 5 ерменски тенка​.

Во соопштението се вели дека во последните два дена азербејџанската армија изгубила свои 16 војници.

Азербејџанското министерство за одбрана исто така нагласи дека се ставени во примена мерките во правец на зачувување на воспоставената надвласт на фронтовата линија.



Слични вести