Во воздушни напади во Таиз убиен 21 припадник на Хусите

Коалиционите сили реализираа воздушни напади во градот Таиз во Јемен во кои загинаа 21 припадник на Хусите

464231
Во воздушни напади во Таиз убиен 21 припадник на Хусите

Во воздушни напади на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија во градот Таиз во Јемен беа убиени 21 припадник на шиитските бунтовници Хуси.

Според објавеното соопштение од сметката на Силите за народен отпор лојални на јеменскиот претседател Абдурабу Манус Хади на социјалната мрежа Твитер во реализираните воздушни напади од страна на коалиционите сили биле убиени 21 припадник на Хусите, а биле уништени и еден тенк, еден противавионски лансери на проектили и магацин за оружје.

Силите за народен отпор се стационираа во регионот за враќање назад на некои области кои се наоѓаат во рацете на Хусите.

Од друга страна со сиот интензитет продолжуваат и вооружените судири помеѓу шиитските бунтовници Хуси и силите лојални на јеменскиот претседател Мансур Хади.

Во последните судири помеѓу страните загина еден припадник на Хусите, а 10 мина беа повредени.



Слични вести