Продолжуваат вооружените судири помеѓу Азербејџан и Ерменија

Во последните вооружени судири на демаркационата линија во областите Агдере, Тертер, Хоџавент и Фузули животот го загубија тројца азербејџански војници

464107
Продолжуваат вооружените судири помеѓу Азербејџан и Ерменија

Расте тензијата на азербејџанско-ерменската фронтова линија каде што неколку дена се водат силни вооружени судири помеѓу двете земји.

Во објавеното соопштение од азербејџанското министерство за одбрана се истакнува дека во последните вооружени судири на демаркационата линија во областите Агдере, Тертер, Хоџавент и Фузули животот го загубија тројца азербејџански војници.

Како што се вели за време на судирите била уништена голема количина воен арсенал на Ерменија, а загинале и голем број ерменски војници.

Во вооружените судири помеѓу двете земји кои што продолжуваат од 1 април ноќта досега животот го загубија 15 азербејџански војници, а од спротивната страна загинаа над 100 ерменски војници.


Слични вести