Продолжува тензијата во Брисел по терористичките напади на 22 март

Екстремните десничарски групи и групите против расизмот одржаа незаконски протести во населбата Моленбек во Брисел каде што во мнозинство живеат муслимани

463562
Продолжува тензијата во Брисел по терористичките напади на 22 март

Продолжува затегнатоста по терористичките напади во главниот град на Белгија, Брисел на 22 март во кои животот го загубија 34 лица, а над 200 лица беа повредени.

Екстремните десничарски групи и групите против расизмот одржаа незаконски протести во населбата Моленбек во Брисел каде што во мнозинство живеат муслимани.

По немирите за време на кои беа притворени голем број лица во областа беа преземени строги безбедносни мерки.

Во овој дел на Брисел беа испратени хеликоптери и полициски оклопни возила за интервенција.

Од друга страна аеродромот Завентем во Брисел кој беше цел на терористичките напади на 22 март од денеска делумно ќе биде отворен.

Аеродромот се очекува на крајот на јуни или почетокот на јули да почне да работи со полн капацитет.

Во терористичките напади кои беа реализирани на 22 март на аеродромот Завентем и на метро станицата Маелбек во белгискиот главен град Брисел животот го загубија 34 лица, а над 200 лица беа повредени.​



Слични вести