Али Хасанов: Ерменија продолжува да отвора оган врз азербејџанските позиции

Потпретседателот на Азербејџан Али Хасанов истакна дека Азербејџан ги прекина нападите​, меѓутоа Ерменија продолжува со гранатирањата врз азербејџанските позиции

463894
Али Хасанов: Ерменија продолжува да отвора оган врз азербејџанските позиции

Потпретседателот на Азербејџан Али Хасанов во дадената изјава за новинската агенција Анадолија направи проценка на вооружените судири на ерменско-азербејџанската фронтова линија во последните денови.

Хасанов истакна дека како одговор на повиците на лидерите на земјите копретседатели на Групата Минск на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) Азербејџан ги прекина нападите​, меѓутоа напомена дека Ерменија необрнувајќи им внимание на истите повици продолжува со гранатирањата врз азербејџанските позиции.

Велејќи „Во основата на настаните лежи провокацијата на ерменските вооружени сили“ Али Хасанов подвлече дека ерменските вооружени сили со слични провокативни активности имаат за цел да ги спречат поволните чекори кои сакаат да ги преземат земјите копретседатели на Групата Минск на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ)​ за решавање на проблемот.

Потсетувајќи дека во 2014 година францускиот претседател Франсоа Оланд, а во 2015 година рускиот претседател Владимир Путин ги зголемија иницијативите за решение и во овие периоди ерменските сили реализираа слични провокации на фронтовата линија, Хасанов нагласи дека истите провокативни активности започнаа наново и по посетата на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на САД и неговите остварени средби со американскиот потпретседател Џо Бајден и државниот секретар Џон Кери.

Потпретседателот на Азербејџан Али Хасанов ​вооружените судири во последните два дена ги раскажа вака:

„Ерменските сили почнувајќи од синоќа со тешко оружје, топови и хаубици ги гранатираа азербејџанските села, населените места и нашите позиции. Азербејџанската армија пак за одбрана на цивилите и своите позиции го дадоа потребниот одговор на ерменските сили и ги одбија нивните напади. Азербејџан ги прекина нападите како одговор на повиците на лидерите на земјите копретседатели на Групата Минск на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ)​ за повторно воспоставување на прекин на огнот. Меѓутоа Ерменија не се придржува кон повиците и со истото оружје продолжува да ги гранатира азербејџанските позиции. Азербејџанската армија исто така е приморена да одговори на тоа.“

Велејќи дека лидерите на земјите копретседатели на Групата Минс на ОБСЕ во последните години покажуваат волја за забрзување на процесот за решение, Хасанов истакна дека Азербејџан го прави она што и претстои за остварување на оваа волја и ги продолжува преговорите.

Али Хасанов нагласи дека Азербејџан е на страната на решавање на проблемот Нагорно Карабах по мировни патишта и во рамките на меѓународното право, а го подвлече и следното: „Доколку земјите копретседатели вложат сериозни напори прашањето може да се реши. Ерменија пак необрнувајќи им внимание на повиците на Групата Минс на ОБСЕ го продолжува својот бескомпромисен став.“



Слични вести