САД со беспилотните летала ги погодија целите на терористичката Аш Шебаб
Хасан Али Доре се обвинуваше за помош на минатогодишниот терористичкиот напад на еден хотел во главниот град Могадишу во кој загинаа 20 лица

САД со посредство на беспилотните летала во Сомалија ги погодија целите на терористичката организација Аш Шебаб.
Меѓу целите на нападот кој беше извршен во близината на јужносомалискиот град Џилиб се наоѓаше високиот раководител на организацијата Аш Шебаб, Хасан Али Доре.
Во нападот заедно со Хасан Али Доре беа убиени уште две лица.
Инаку Хасан Али Доре се обвинуваше за помош на минатогодишниот терористичкиот напад на еден хотел во главниот град Могадишу во кој загинаа 20 лица.
Организацијата Аш Шебаб е поврзана со терористичката организација Ал Каеда и води борба против Владата во Сомалија која се подржува од страна на Запад.
Аш Шебаб во 2004 година се формираше како вооружена група во Сомалија и ја држи контролата на јужните и централните предели на земјата.
Слични вести

Лавров одговори на реакциите на западниот свет во врска со Навални
Реакциите на западниот свет се обид за прикривање на внатрешните кризи во овие земји