Напад на возило за школски превоз во Могадишу: Меѓу загинатите има и еден турски граѓанин

Во главниот град на Сомалија, Могадишу беше реализиран напад на возило за школски превоз во кој животот го загубија 6 лица, меѓу кои и еден турски граѓанин

461654
Напад на возило за школски превоз во Могадишу: Меѓу загинатите има и еден турски граѓанин

Во реализиран напад на возило за школски превоз во кое се наоѓале и турски граѓани во главниот град на Сомалија, Могадишу животот го загубија 6 лица.

Меѓу загинатите во нападот се наоѓаат еден турски граѓанин и Азербејџанци и Сомалијци.

Во областа во сомалискиот главен град Могадишу позната како четврти километар од страна на засега непознати лица беше извршен напад на едно возило за школски превоз.

По нападот во кој освен 6 мина загинати има и голем број повредени лица војниците на Африканската унија на задача во областа ги зголемија безбедносните мерки и започнаа истрага во врска со настанот.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека здравствената состојба на повредените турски граѓани во нападот се следи од страна на амбасадата на Турција во Могадишу и се вели следното: „Го осудуваме и проколнуваме овој напад.“

Во соопштението исто така се изразува сочувство за загинатите во нападот, а на повредените им се посакува побрзо оздравување.

„Со жалење е дочекана веста дека денеска (30 март 2016) во вечерните часови во главниот град на Сомалија, Могадишу беше реализиран напад на возило за школски превоз во кое се наоѓале и наши државјани и дека во нападот животот го загубија еден наш државјанин и граѓани на Азербејџан и Сомалија, а неколкумина наши државјани беа повредени.“



Слични вести