Аеродромот Лендветер испразнет поради еден сомнителен пакет

Полицијата го обележа и обиколи терминалот каде што се наоѓаше сомнителниот пакет и каде пристигнаа специјалните екипи за деактивизација на експлозивни направи

462268
Аеродромот Лендветер испразнет поради еден сомнителен пакет

Аеродромот Лендветер во шведскиот град Гетеборг беше испразнет поради еден сомнителен пакет кој беше пронајден.

Во соопштението што беше објавено од страна на Агенцијата за безбедност на сообраќајот (Сведавиа) беше истакнато дека поради еден сомнителен пакет кој беше откриен на аеродромот, беше даден аларм за поставена бомба.

Во соопштението беше истакнато дека полицијата го обележа и обиколи терминалот каде што се наоѓаше сомнителниот пакет и каде пристигнаа специјалните екипи за деактивизација на експлозивни направи. Во меѓувреме од аеродромот беа евакуирани патниците и вработените.

Државната телевизија СВТ соопшти дека екипите за деактивизација на експлозивни направи​ продолжуваат со активностите.



Слични вести