Во вооружени судири во Јемен загинаа 9 лица

Во вооружени судири за градот Таиз помеѓу Хусите и силите лојални на претседателот Хади загинаа 9 лица од кои еден цивил, а 13 лица од кои 7 мина цивили беа повредени

461307
Во вооружени судири во Јемен загинаа 9 лица

Вооружените судири во Јемен помеѓу Хусите и силите лојални на претседател Абдурабу Мансур Хади се засилени во градот Таиз.

Хусите кои сакаат да го заземат третиот по големина град на земјата реализираа топовски напад врз населените места.

Потоа дојде и до вооружени судири во кои загинаа 9 лица од кои еден цивил, а 13 лица од кои 7 мина цивили беа повредени.

Во различни градови на Јемен каде што долго време владее политичка нестабилност се водат силни вооружени судири помеѓу шиитските бунтовници Хуси поддржани од соборениот лидер Али Абдулах Салих и силите лојални на претседателот Абдурабу Мансур Хади.



Слични вести