Во Баграм кај Перван во Авганистан падна еден борбен авион на НАТО

Портпаролот на Талибан Забиулах Муџахид го изнесе тврдењето дека тие го собориле авионот на НАТО

461282
Во Баграм кај Перван во Авганистан падна еден борбен авион на НАТО

Пилотите се спасија со повреди.

Борбениот авион на НАТО кој синоќа полета од најголемата база на САД и НАТО алијансата во Баграм, само по одреден период се сруши во близината на Сех Докан.

Подрачјето каде што се сруши авионот беше обиколено и земено под контрола на НАТО.

Веднаш по несреќата, во подрачјето беа испратени голем број војници на НАТО.

Силите на НАТО во Авганистан сеуште не објавија официјално соопштение во врска со авионската несреќа.

Портпаролот на Талибан Забиулах Муџахид го изнесе тврдењето дека тие го собориле авионот на НАТО.



Слични вести