Под Фукушима ќе се изгради ѕид од мраз

Јапонија се подготвува да изгради непробиен ѕид од мраз под нуклеарната централа Фукушима

461548
Под Фукушима ќе се изгради ѕид од мраз

Јапонија се подготвува да изгради непробиен ѕид од мраз под нуклеарната централа Фукушима која пред пет години беше изложена на тешко оштетување од катастрофалниот земјотрес и цунамито.

Властите дадоа одобрување за пуштање во погон на објектот чија изградба заврши минатиот месец.

Изградбата на објектот чинеше околу 312 милиони долари и се состои од цевки и турбини за радиоактивна вода со кои се предвидува да се замрзне земјата околу нуклеарната централа.

По завршувањето на процесот на замрзнување, околу реакторот ќе се формира ѕид од мраз долг 1.5 км. На тој начин, се предвидува да се спречи ширењето на радиоактивната вода од реакторот.

Цунамито што се формира по земјотресот со јачина 9 степени што на 11 март 2011 година ја погоди североисточната страна на Јапонија, 25 години по Чернобил, беше причина за најголемата втора нуклеарна несреќа во светот.

Девет населени места во околината на централата сеуште се затворени за населување.



Слични вести