Хајдар ал-Ибади има рок од три дена да формира нова влада

Групата Ахрар бара промена на министрите и радикални реформи

460507
Хајдар ал-Ибади има рок од три дена да формира нова влада

Ирачкиот парламент на премиерот Хајдар ал-Ибади му даде рок од три дена за формирање на новата технократска влада.

На гласањето што се одржа на иницијатива на групата Ахрар на шиитскиот лидер Муктада ал-Садр, на премиерот Ибади за формирање на новата влада и изнесување на списокот му беше даден рок до четврток.

Групата Ахрар бара промена на министрите и радикални реформи.

Шиитската национална коалиција која има најголема група во парламентот даде ветување дека заедно со технократската влада ќе ги остварат барањата на народот.

Партиите на Регионалната курдска управа на северот на Ирак соопштија дека се против технократската влада.

Во заедничкото соопштение објавено од страна на партиите, беше истакнато дека под изговор дека ќе се формира нова технократска влада, во суштина сакаат да го одвлечат вниманието и да ја заташкаат кризата во која се наоѓа земјата и опасните тензии. По тој повод, сакаат да ги изолираат активностите на курдските, туркменските и другите заедници во земјата и да го окончаат националниот компромис.



Слични вести