Во антитерористичка операција во Холандија приведени четворица осомничени лица

Во антитерористичка операција во холандскиот град Ротердам беа приведени четири лица под сомнение дека се подготвувале да реализираат терористички напад

459446
Во антитерористичка операција во Холандија приведени четворица осомничени лица

Европа во тревога и состојба на готовност по терористичките напади на 22 март во вторникот, во белгискиот главен град Брисел.

По антитерористичките операции во Белгија и Франција операција беше реализирана и во Холандија каде што во градот Ротердам беа приведени четири лица под сомнение дека се подготвувале да реализираат терористички напад.

Во објавеното соопштение од Јавното обвинителство на Ротердам се истакнува дека едниот од приведените осомничени лица бил од француско и двајца од алжирско државјанство, додека националната припадност и државјанството на четвртото осомничено лице засега не можело да се установи.

Од друга страна во Холандија беше одржан протест против терористичките напади кои што се реализираат во последно време во различни земји, на чело со Турција.

Учесниците на протестот кои носеа транспаренти против тероризмот како и знамиња на Турција, Мароко и Холандија истакнаа дека тероризмот без да прави било каква разлика​ му се заканува на целото човештво.



Слични вести