Реакции од светот против терористичкиот напад во Пакистан

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун остро го осуди терористичкиот напад и истакна дека ООН стои покрај пакистанската влада против тероризмот

459458
Реакции од светот против терористичкиот напад во Пакистан

Бурни реакции од светот по терористичкиот напад во еден лунапарк во Лахор, главниот град на провинцијата Пенџаб во Пакистан во кој животот го загубија најмалку 72 лица од кои повеќето деца и жени, а над 300 лица беа повредени.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун остро го осуди терористичкиот напад и истакна дека ООН стои покрај пакистанската влада против тероризмот.

Бан Ки-мун ја повика пакистанската влада да ги преземе неопходните мерки за воспоставување на безбедноста на малцинствата во земјата.

САД исто така истакнаа дека остро го осудуваат бобашкиот терористички напад во пакистанскиот град Лахор.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Нед Прајс нападот го окарактеризира како „кукавички“ и ја даде пораката за солидарност во борбата против тероризмот.

Прајс истакна дека САД ќе продолжат да работат заедно со Пакистан за искоренување на тероризмот.

Канадскиот премиер Џастин Трудо истакна дека неговата земја го осудува овој трагичен напад.



Слични вести