Лице осудено на 3 години затвор поради закана со смрт против Обама

Едно 55-годишно лице кое му се заканило со смрт на американскиот претседател Барак Обама осудено на 3 години затвор

459702
Лице осудено на 3 години затвор поради закана со смрт против Обама

Во судскиот претрес во градот Медисон во САД жирито го прогласи за виновен 55-годишниот Брајан Дачер за упатување закана со смрт против претседателот Барак Обама и тоа на два пати и усмено и преку испратена порака на Фејсбук.

Брајан Дачер од страна на федералниот суд беше осуден на 3 години затвор.

Во 2013 година исто така едно лице и во Флорида беше осудено на 15 години затвор поради закана со смрт упатена до претседателот Обама, преку Фејсбук.​



Слични вести