Криумчарите на луѓе во потрага по нова рута за илегалните мигранти

Германски „Франкфуртер Алгемајне Сонтаг“ напиша дека криумчарите на луѓе почнувајќи од првата недела на април планираат ​илегалните мигранти преку Средоземното Море да ги пренесуваат во Италија

459753
Криумчарите на луѓе во потрага по нова рута за илегалните мигранти

По затворањето на Балканската рута и постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ на 18 март криумчарите на луѓе својата рута ја интензивираа преку Средоземното Море кон Италија.

Според веста на германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Сонтаг“ криумчарите на луѓе почнувајќи од првата недела на април планираат ​илегалните мигранти преку Средоземното Море да ги пренесуваат во Италија.

Во веста се вели дека мигрантите со помош на рибарски бродови и чамци ќе се носат во Италија од бреговите на Анталија, Мерсин и Атина.

Од друга страна се нагласува дека цената која ја бараат криумчарите од мигрантите е многу повисока во споредба со периодот кога мигрантите беа носени во Грција и на грчките острови преку Егејското Море од бреговите на Турција.

Како што се вели некои криумчари на луѓе планирале да организираат по две патувања неделно и притоа воделе сметка на бродовите да качат по приближно 200 мигранти.

Освен тоа во веста на германски „Франкфуртер Алгемајне Сонтаг“​ се подвлекува и тоа дека криумчарите стојат на нова рута преку Мароко.



Слични вести