Хади свика седница на владата во својата привремена престолнина во Ријад

Јеменскиот претседател Мансур Хади на крајот на првата годишнина од Операцијата одлучна бура во својата привремена престолнина во главниот град на Саудиска Арабија Ријад свика седница на владата

459919
Хади свика седница на владата во својата привремена престолнина во Ријад

Во вооружените судири во Јемен загинаа 36 лица.

Вооружените судири помеѓу шиитските бунтовници Хуси и силите лојални на јеменскиот претседател Абдурабу Манус Хади се засилени во градот Мариб.

Силите на претседателот Хади го зазедоа поголемиот дел од населеното место ел-Абдије кое се наоѓаше под контрола на Хусите.

Во судирите загинаа 26 милитанти Хуси и 10 припадници на силите лојални на претседателот Хади.

Во меѓувреме беа разменети заробеници помеѓу Хусите и Саудиска Арабија која им доставува воздушна поддршка на силите лојални на јеменскиот претседател Хади.

Така за 109 заробеници Хуси на Саудиска Арабија и беа предадени 9 заробеници.

Од друга страна јеменскиот претседател Абдурабу Мансур Хади истакна дека владата не е на страна на војна, но дека е принудена да војува.

Хади на крајот на првата годишнина од Операцијата одлучна бура во Јемен во својата привремена престолнина во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад свика седница на владата.

Истакнувајќи дека Хусите не покажуваат почит кон отстапките на владата, јеменскиот претседател Абдурабу Мансур Хади рече: „Насилно со оружје влегоа во градовите, ги зедоа во заложништво политичарите, ги присилија на иселување и причинија штета врз државниот имот. Пред оваа криминална банда на народот не му остана ништо друго освен да го земе в рака оружјето за да го зачува својот углед.“



Слични вести