Директорот на ЦИА Бренан на почетокот на март престојувал во посета на Москва

Директоротна ЦИА Џон Бренан во Москва разговарал со руските функционери за заминувањето од власт на сирискиот претседател Бешар Асад

460064
Директорот на ЦИА Бренан на почетокот на март престојувал во посета на Москва

Директорот на американската Централна информативна агенција ЦИА Џон Бренан на почетокот на март престојувал во посета на Москва.

Бренан за време на оваа негова посета разговарал со руските функционери за заминувањето од власт на сирискиот претседател Бешар Асад.

Секретарот за печат на американската амбасада во Москва Вилијам Стивенс изјави за руската новинска агенција Риа Новости дека на разговорите Бренан го потврдил ставот на вашингтонската управа дека за изнаоѓање политичко решение за кризата во Сирија Бешар Асад треба да ја напушти претседателската функција.

Во претходните дадени изјави од страна на Кремљ и руското министерство за надворешни работи беше истакнато дека директорот на американската Централна информативна агенција ЦИА Џон Бренан не остварил било каква средба со функционерите на Кремљ и руското министерство за надворешни работи.



Слични вести