Сирискиот режим и Русија ги продолжуваат бомбардирањата врз ДЕАШ во античкиот град Палмира

Сириската опсерваторија за човекови права и локалните медиуми соопштуваат дека биле реализирани жестоки воздушни напади врз позиции на ДЕАШ во неколку области

459032
Сирискиот режим и Русија ги продолжуваат бомбардирањата врз ДЕАШ во античкиот град Палмира

Античкиот град Палмира во Сирија под воздушен напад...

Русија која делува заедно со силите на сирискиот режим реализира напад со воени авиони врз цели на терористичката организација ДЕАШ во античкиот град Палмира.

Сириската опсерваторија за човекови права и локалните медиуми соопштуваат дека биле реализирани жестоки воздушни напади врз позиции на ДЕАШ во неколку области.

Како што се вели во античкиот град Палмира доаѓа до експлозии се крева чад, а исто така се истакнува дека се отвора оган и со тенкови.

Руското министерство за одбрана соопшти дека во околината на градот во последните 24 часа биле погодени 158 цели на терористичката организација ДЕАШ и биле убиени повеќе од 100 припадници на ДЕАШ.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека силите на режимот на Асад и Русија делуваат заедно и дека била освоена една третина од територијата на Палмира вклучувајќи го и стариот дел на античкиот град.

Силите на сирискиот режим во текот на неделата напредуваат кон античкиот град Палмира и го зазедоа делот од градот каде што ДЕАШ е најсилна.



Слични вести