Берни Сандерс со убедлива победа во Вашингтон и Аљаска

Берни Сандерс извојува убедлива победа на прелиминарните избори на Демократската партија кои што беа одржани вчера во сојузните држави Вашингтон и Аљаска, а се очекува да победи и во Хаваи чии резултати ќе бидат сооптешни во наредните часови

459186
Берни Сандерс со убедлива победа во Вашингтон и Аљаска

Со сиот интензитет продолжува процесот на прелиминарни избори за претстојните претседателски избори во САД закажани за 8-ми ноември .

Берни Сандерс извојува убедлива победа на прелиминарните избори на Демократската партија кои што беа одржани вчера во сојузните држави Вашингтон и Аљаска, а се очекува да победи и во Хаваи чии резултати ќе бидат соопштени во наредните часови.

Според неофицијални резултати од прелиминарните избори во сојузната држава Вашингтон Сандерс освои 72,3-отсто од гласовите и извојува убедлива победа над Хилари Клинтон. Сандерс освои 23 од вкупно 31 делегат во оваа сојузна држава, додека Клинтон со освоени 27,5-отсто освои само 8 делегати.

На одржаните прелиминарни избори и во сојузната држава Аљаска според неофицијални резултати Берни Сандерс освои дури 80,7-отсто од гласовите, додека Хилари Клинтон 19,3-отсто. Со овие резултати Сандерс во Аљаска освои 13, а Клинтон 3 делегати.

Резултатите од прелиминарните избори во сојузната држава Хаваи се очекува да бидат познати во наредните часови.

Двајца претенденти за кандидат од Демократската партија ќе споделат 25 делегати. И во оваа сојузна држава се очекува победа на Берни Сандерс.

Следните прелиминарни избори кај Демократската партија ќе продолжат со внатрепартиските избори во сојузната држава Висконсин кои ќе се одржат на 5 април.



Слични вести