Во Словачка се формира нова влада

Новата Влада на Социјалдемократите е составена од екстремни десничари, конзервативци и партијата на Унгарското малцинство

457422
Во Словачка се формира нова влада

По парламентарните избори на 5 март, во Словачка се формира нова влада.

Претседателот Андреј Киска ја ратификуваше новата коалициона влада на Роберт Фико формирана од 4 партии.

Левичарско-националистичката Социјалдемократска партија (СМЕР) на премиерот Роберт Фико покрај тоа што освои најмногу гласови на последните избори, го изгуби мнозинството на пратеници во Собранието.

Новата Влада на Социјалдемократите е составена од екстремни десничари, конзервативци и партијата на Унгарското малцинство.

Коалиционата влада во собранието има 81 од вкупно 151 пратеничко место.

Фико кој по трет пат седнува на премиерската функција е познат со реториките против мигрантите и муслиманите.

Во рамките на изборната кампања Фико рече дека нема да прими ниту еден муслимански мигрант.

Во јули Словачка ќе го преземе привременото претседавање со ЕУ.



Слични вести