Нова копнена операција на режимските сили против Туркменската планина

Опозиционерите одговорија со противоган на новата копнена операција на силите на Асад против Туркменската планина во руралното подрачје на градот Латакија во североисточниот дел на Сирија

456960
Нова копнена операција на режимските сили против Туркменската планина

Воените единици на режимот на Асад започнаа нова копнена операција против Туркменската планина во руралното подрачје на градот Латакија во североисточниот дел на Сирија во близина на границата со Турција.

Според добиени информации од локални извори режимските сили во утринските часови се обиделе да се префрлат во месноста Сарраф.

Исти извори истакнуваат дека на овој обид на силите на Асадовиот режим одговориле и опозиционерите при што дошло до жестоки вооружени судири во областа.

За време на судирите бил уништен еден воен пикап камионет на режимот.

Пристигнуваат вести дека во вооружените судири имало загинати и повредени.

Звуците од експлозии се слушнале и од населеното место Јајладаги кај градот Хатај во непосредна близина на границата.

Во меѓувреме силите на Асад ги продолжуваат нападите против опозиционерите во областа Џебел Екрад во кои се употребуваат хаубици и ракети.



Слични вести