Индепендент: Зошто чувствителноста кон Брисел не беше покажана кон Анкара
„Индепендент“ ја критикуваше британската влада поради тоа што чувствителноста што ја покажува кон Брисел не ја покажа кон Анкара

Британскиот весник „Индепендент“ ја критикуваше британската влада која по терористичките напади во Брисел постави белгиско знаме, а поради тоа што истата чувствителност не ја покажа и кон Анкара.
Како што потсетува весникот по терористичките напади во Брисел градоначалникот на Париз изјави дека Ајфеловата Кула ќе биде осветлена во боите на белгиското знаме, а на владината зграда на Обединетото Кралство е поставено белгиско знаме спуштено на половина јарбол.
Притоа „Индепендент“ го поставува прашањето „Зошто истата симпатија не беше покажана и за Анкара?“
Индепендент напиша: „Зошто Доунинг Стрит не постави турско знаме по терористичкиот напад во Анкара минатата недела во кој животот го загубија 3 лица, а 36 лица беа повредени?“
Потсетувајќи на терористичките напади и жртвите во Анкара, британски „Индепендент“ нагласи дека додека Европа останува безгласна во Турција гинат поголем број лица.