Европа уште еднаш го доживува шокот на тероризмот на ДЕАШ

Вчера Брисел беше потресен со три големи експлозии

456675
Европа уште еднаш го доживува шокот на тероризмот на ДЕАШ

Најпрвин на аеродромот беа извршени два последователни самоубиствени напади.

Веднаш потоа цел на третиот самоубиствен напад беше метро станицата Малбек во близината на седиштето на установите на ЕУ.

Во нападите загинаа 34, а над 130 лица беа повредени.

Веднаш по нападот на аеродромот беше откриен уште еден бомбашки елек кој веднаш беше уништен.

Белгиската федерална полиција ги објави фотографиите на тројцата осомничени за кои се претпоставува дека учествувале во нападите на аеродромот.

Федералниот јавен обвинител Фредрик Ван Лиув рече дека нападите на аеродромот беа извршени од страна на двајца самоубиствени напаѓачи, додека едно сомнително лице се бара.

По експлозиите во земјата започнаа антитерористички операции.

Во претресот на една куќа во населбата Шарбек беа откриени експлозив со дополнителни уништувачки елементи шајки, хемиски супстанции и знаме на ДЕАШ.



Слични вести