Американски воени авиони реализираа напад против Ал Каеда во Јемен

Во воздушен напад реализиран од страна на американски воени авиони против Ал Каеда во Јемен загинаа десетици милитанти

456325
Американски воени авиони реализираа напад против Ал Каеда во Јемен

САД реализираа воздушен напад против терористичката организација Ал Каеда во Јемен.

Во нападот загинаа десетици милитанти на Ал Каеда.

Американскиот секретаријат за одбрана соопшти дека воздушниот напад бил реализиран во вторник наутро врз камп за обука на Ал Каеда.

Како што се истакнува во кампот кој се наоѓал во планински предел се наоѓале најмалку 70 милитанти на терористичката организација Ал Каеда.

Осд друга страна со секој поминат ден расте и билансот од судирите во Јемен.

ОН истакнаа дека во последната една година во оваа земја загинаа 6 илјади лица од кои половината цивили, а повеќе до 30 илјади лица се повредени.

Поради судирите приближно 2,5 милиони лица пак останаа без своите домови.

Координаторот на ОН за човекови права Џејми МекГолдрик истакна дека во Јемен повеќе од 20 милиони лица имаат потреба од помош.



Слични вести