Алармантната состојба во Белгија беше искачена на највисоко ниво

По експлозиите во Брисел, во цела Европа беа засилени безбедносните мерки и зголемено алармантното ниво

456465
Алармантната состојба во Белгија беше искачена на највисоко ниво

По експлозиите во Брисел, алармантната состојба во Белгија беше искачена на највисоко ниво

Сите летови се суспендирани, исто така се одложени сите возови за аеродромот Завентем и беа затворени патиштата.

Голем број авиокомпании кои патуваа за Брисел го променија курсот на патување, вклучувајќи ја и турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс.

Исто така на одреден период неа суспендирани сите метро линии и автобуси во Брисел.

Безбедносните мерки на нуклеарните централи во земјата беа искачени на највисоко ниво во Белгија.

Армијата испрати 225 војници во Брисел. Постои можност да се зголеми оваа бројка.

Граѓаните беа предупредени да не излегуваат од домовите.

Белгискиот премиер Шарл Мишел рече дека ги засилиле граничните контроли.

По експлозиите во Брисел, во цела Европа беа засилени безбедносните мерки и зголемено алармантното ниво.

Компанијата Евростар го суспендира патувањето на возовите меѓу Англија и Франција.

Безбедносните мерки на граничните премини и особено аеродромите во Франција, Германија, Англија и Холандија беа искачени на највисоко ниво.

Патните исправи на граѓаните од странско потекло на аеродромот Схипхол во Амстердам беа детално прегледани.

Во рамките на засилените безбедносни мерки на аеродромот во Рим беа употребени и полициските кучиња.

На аеродромот во Берлин беше забележано знатно зголемување на бројот на полицајците.

На аеродромите и железничките станици во САД беа засилени безбедносните мерки.

Американскиот државен секретаријат за надворешни работи ги предупреди граѓаните кои ќе патуваат во Европа да бидат внимателни.

Во соопштението беше истакнато дека предупредувањето важи до 20 јуни.



Слични вести