Историската средба на Обама и Кастро во Хавана нова страница во односите

Средбата помеѓу американскиот претседател Барак Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро во Хавана наговесник на нормализирањето на односите помеѓу двете земји

455496
Историската средба на Обама и Кастро во Хавана нова страница во односите

Американскиот претседател Барак Обама кој престојува во историска посета на Куба во Хавана се состана со кубанскиот претседател Раул Кастро.

Двајцата лидери по средбата одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Обама истакна дека Куба не ја смета за закана против неговата земја и дека се надева оти оваа негова посета ќе отвори нова страница во односите помеѓу двете земји.

Обама напомена дека САД се подготвени за развивање на трговските односи се кои ќе се отворат нови сфери на работа во двете земји.

Нагласувајќи дека одлуката за иднината на Куба ќе ја донесат Кубанците, Барак Обама се осврна и на слободата на изразување и човековите права за што рече дека ќе се состане со претставниците на граѓанските организации во оваа земја.

Американскиот претсеадтел Барак Обама рече дека ембаргото против Куба ќе заврши но дека не е сигурен кога точно ќе заврши и додаде дека времето на укинувањето на ембаргото е поврзано со брзината на надминување на разликите по прашањето на човековите права.

Кубанскиот претседател Раул Кастро му се заблагодари на Обама поради неговиот став против ембаргото што се спроведува врз неговата земја.

Кастро американското ембарго и базата во заливот Гвантанамо ги окарактеризира како препреки пред нормализирањето на односите помеѓу двете земји.

Раулс Кастро ги обвини САД за применување на двоен стандард по прашањето на човековите права и рече дека неговата земја е против политичките манипулации во оваа сфера.

Кубанскиот претседател Раул Кастро додаде дека во светот не постои земја која целосно ги исполнува меѓународните стандарди на човековите права.



Слични вести