Се намалува довербата кај руските граѓани кон Путин

Според добиените резултати од спроведеното истражување од страна на руската фирма за истражување Левада, довербата кај граѓаните кон Путин за една година од 83-отсто е намалена на 73-отсто

455379
Се намалува довербата кај руските граѓани кон Путин

Довербата кај руските граѓани кон претседателот Владимир Путин во споредба со минатата година намалена за 10-отсто.

Според добиените резултати од спроведеното истражување од страна на руската фирма за истражување Левада и објавено од страна на агенцијата RBC, довербата кај граѓаните кон Путин за една година од 83-отсто е намалена на 73-отсто.

21-отсто од анкетираните велат дека „имаат целосна доверба кон Путин“, 53-отсто дека „веруваат“, а 14-отсто дека „не вруваат“.

Според истото истражување процентот на руските граѓани кои гајат симпатија кон Путин од 37-отсто опадна на 30-отсто.

Се изнесуваат коментари дека во намалувањето на довербата кај руските граѓани кон Путин има влијание и присутната криза во Русија.



Слични вести