Хамонд ја повика Русија да и го врати Крим на Украина

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд ја повика Русија да стави крај на окупацијата на Крим и да и го врати Крим на Украина

455331
Хамонд ја повика Русија да и го врати Крим на Украина

Велика Британија ја осуди Русија заради прекршување на меѓународното право и ја повика да и го врати Крим на Украина.

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд даде изјава за печатот во врска со двогодишната незаконска окупација на Крим од страна на Русија.

Потсетувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин пред две години го потпиша указот со кој беше издадена дозвола за анектирање на Крим, Хамонд напомена дека ја осудува Москва поради прекршувањето на меѓународното право.

Хамонд рече: „Нашата позиција е јасна. Не го признаваме и нема да го признаеме незаконското преземање на контролата на Крим од страна на Русија.“

Истакнувајќи дека тоа што руските функционери минатата недела татарското Национално собрание на Крим беше оценето како екстремна организација само по себе доведе и до сериозни грижи, Хамонд рече: „Треба да се истражат сите тврдења во правец на прекршување на човековите права, вклучувајќи ги и ограничувањата во слободата во верувањето, слободата за собирање и изразување, како и самоволните апсења. Ја повикувам Русија да стави крај на окупацијата на Крим и да и го врати Крим на Украина.“



Слични вести