Тешка сообраќајна несреќа во Шпанија: Загинаа 13 студенти

Автобус кој патувал од Валенсија за Барселона и превезувал студенти се судрил со автомобил и во несреќата животот го загубиле 13 студенти, а 30 мина биле повредени

454616
Тешка сообраќајна несреќа во Шпанија: Загинаа 13 студенти

Сообраќајна несреќа на автобус во Шпанија кој превезувал студенти во која животот го загубија 13 студенти, а 30 студенти беа повредени.

Несреќата се случила во близина на градот Тарагона во источниот дел на земјата кога автобус со 56 патници-студенти кој патувал од Валенсија за Барселона се судрил со автомобил.

Како што се истакнува во автобусот се наоѓале 56 патници од кои мнозинството го сочинувале студенти кои престојувале во Шпанија во рамките на програмата за размена на студенти „Еразмус“. Студентите се враќале од Фестивалот Лас Фалас во Валенсија.

Шпански функционери истакнаа дека загинатите во несреќата биле студенти од различни земји, додека тврдењето дека меѓу студентите имало и турски студенти потоа беше демнатирано.

Поради оваа тешка несреќа во областа е прогласена жалост.

Продолжува истрагата во врска со обелоденување на причината на несреќата која инаку е една од најтешките сообраќајни несреќи во историјата на Шпанија.



Слични вести