Протести против Трамп во Фаунтин Хилс во сојузната држава Аризона

Во градот Фаунтин Хилс во сојузната држава Аризона стотици лица протестираа против Доналд Трамп обвинувајќи го за расизам и непријателство против доселениците

454444
Протести против Трамп во Фаунтин Хилс во сојузната држава Аризона

Кандидатот од редовите на Републиканската партија за номинација за претстојните претседателски избори во САД Доналд Трамп кој е познат по многуте гафови, се наоѓа во неволја поради протестите.

Во градот Фаунтин Хилс во сојузната држава Аризона стотици лица протестираа против Доналд Трамп обвинувајќи го за расизам и непријателство против доселениците.

Демонстрантите во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше „Треба да го сопреме Трамп“ и реагираа остро против кандидатот за номинација од редовите на Републиканската партија за нов претседателот на САД.

Поради протестите претходно беше откажан предизборниот митинг на Доналд Трамп и во градот Чикаго.



Слични вести